Роналдо малку ја претера: Освојувањето на ЕП со Португалија е исто како да сме освоиле СП!

September 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо малку ја претера: Освојувањето на ЕП со Португалија е исто како да сме освоиле СП!

Кристијано Роналдо вчера испиша историја на натпреварот на Португалија против Хрватска. Тој го постигна својот 900-ти гол во својата неверојатна кариера каде неговата селекција успеа да слави со 2-1. Тој беше запрашан околу неговите амбиции за освојување на Светско првенство, а неговиот одговор во најмала рака беше очаен. „Освојувањето на Европското првенство со Португалија е исто како да сме освоиле Светско првенство. Веќе освоив два трофеи со Португалија кои навистина ги сакав. Не сум мотивиран од тоа. Мотивиран сум од уживање во фудбалот, а рекордите доаѓаат природно“, рече Роналдо. Воедно, тој зборуваше и за неговиот јубилеј од 900 гола. „900 голови изгледа како и секој друг јубилеј, но само јас знам колку е тешко да работиш секој ден за да го постигнеш 900. гол. Ова е уникатен јубилеј во мојата кариера. Јас не ги рушам рекордите, тие ме бркаат мене“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.