March 3, 2025 | | Свет
Саудискиот тим Ал Наср денеска ќе се соочи со иранскиот гигант Естехлал во првиот осминафинален дуел од азиската Лига на шампиони, но ќе биде значително ослабен. Иако тренерот Стефано Пиоли ги поведе сите расположливи играчи за гостувањето во Техеран, најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо не е со тимот. Тој остана во Саудиска Арабија, не поради повреда, туку поради правни причини. Шпанскиот медиум Marca пренесува дека според иранските закони, Роналдо се соочува со потенцијална казна од 99 удари со камшик поради инцидент од септември 2023 година. При гостувањето на Ал Наср кај Персеполис, огромен број луѓе се собраа пред хотелот во кој беше сместен тимот. Роналдо побара чуварите да ја пуштат внатре иранската сликарка Фатеме Хамами Насрабади, која, и покрај својот хендикеп, создава уметност сликајќи со нозете. Во знак на благодарност за нејзините подароци – два портрета од него, Роналдо ѝ го подари својот дрес, ја прегрна неколку пати и ја бакна во главата. Меѓутоа, според шеријатскиот закон, на жена ѝ е дозволено да ја бакне само нејзиниот сопруг, па ваквиот потег би можел да доведе до казна. Ал Наср се обиде да добие дозвола од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) натпреварот да се игра на неутрален терен, но Естехлал категорично го одби тоа барање. Натпреварот е закажан за денеска во 17:00 часот, а се очекува преполн стадион „Азади“ со капацитет од 78.000 гледачи. Директниот пренос за Македонија ќе биде достапен на Sportklub 1.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |