Роналдо откри каде планира да ја заврши кариерата

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо откри каде планира да ја заврши кариерата

Кристијално Роналдо кој во моментов настапува за Ал-Наср изјави дека планира да се пензионира во Саудиска Арабија, односно во клубот за кој моментално настапува. Неговиот договор истекува наредното лето, а тој зборуваше за тоа каде ќе се пензионира. „Не сум сигурен дали тоа ќе биде наскоро или за неколку години, но најверојатно кариерата ќе ја завршам во Ал Наср. Овде се чувствувам одлично и уживам да играм во Саудиска Арабија“, рече Роналдо. Исто така, тој беше запрашан и за тоа дали размислува за тренерска кариера. „Никогаш не сум размислувал за таа опција. Се гледам себеси во други улоги, надвор од фудбалот, но само Господ знае што носи иднината“, објасни Португалецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.