Роналдо пак удри по Тен Хаг: Само еден човек во клубот може да му помогне

September 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо пак удри по Тен Хаг: Само еден човек во клубот може да му помогне

Кристијано Роналдо повторно реши да зборува за поранешниот клуб Манчестер Јунајтед, а особено на тренерот Ерик Тен Хаг со кого односите му беа ужасни. Тој и понатаму тврди дека Тен Хаг не е избор на тренер кој му е потребен на Јунајтед. „Ако Тен Хаг го слуша Руд Ван Нистелрој, тогаш тоа може и да му помогне. Тој го познава клубот и треба да се слушаат такви луѓе, како него, како Рој Кин, како Рио Фердинанд, Гери Невил, Сер Алекс Фергусон. Клубот не може да се води без знаење. Многу работи треба да се променат во Манчестер Јунајтед, но искрено ме разочара тренерот. Кога си тренер на клуб како Јунајтед, не можеш да излезеш пред новинарите и да кажеш дека не можеш да се бориш за пехарите во Премиер лигата и во Лигата на Шампионите“. Ова е Манчестер јунајтед, тим што секогаш се бори за трофеи, не смееш да се предадеш без борба. Мораш да си ментално силен, дури и доколку нема потенцијал, да кажеш дека ќе сторите се, ќе се борите на секој меч. Едноставно е, мора да се обидеш, никогаш не смееш да се предадеш без борба како што тоа го стори овој тренер“, изјави Роналдо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.