Роналдо постави рекорд, ама реши и да провоцира (ВИДЕО)

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо постави рекорд, ама реши и да провоцира (ВИДЕО)

Португалија и Чешка вчера го затворија првото коло од групната фаза на Европското првенство. Најпрво Чешка поведе со голот на провод во 62. минута, Португалија возврати преку автоголот на Хранац, а во 92. минута Консеисао го реши натпреварот и постави конечни 2-1. Она што беше интересно е реакцијата на Роналдо за победничкиот гол. Најпрво го испровоцира голманот Штанек, а потоа и Шевчик. Роналдо беше оставен до крај во игра, иако е прашање каков натпревар имаше каде цело време ја искажуваше својата фрустрација. Тој вчера стана првиот играч кој настапил на шест Европски првенства, но потезите кои доаѓаат од играч од негов калибар навистина не се потребни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.