December 18, 2024 | | Свет
Кристијано Роналдо го бојкотираше гласањето за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, не по прв пат. Иако според правилата капитените, селекторите и новинарите од земјите-членки на ФИФА имаат право да гласаат, Роналдо одлучи да не го искористи своето право. Наместо него, оваа должност ја изврши заменик капитенот на Португалија, Бернардо Силва. Во изборот за најдобар фудбалер на годината, наградата му припадна на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид. Гласањето за оваа награда се врши така што секој капитен, селектор и новинар гласаат за тројца фудбалери – првиот добива пет поени, вториот три, а третиот еден. Одредено влијание врз изборот имаат и навивачите. Роналдо е познат по тоа што во последните години не беше задоволен од изборот на играчи кои се номинирани за вакви награди. Тоа беше и причината поради која тој не гласаше ниту за Златната топка, туку ја делегираше таа должност. Пет пати ја освојуваше наградата на ФИФА и последен пат ја доби во 2017 година. Оваа ситуација не е единствена, бидејќи и селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, го бојкотираше гласањето за наградата на ФИФА. Тој тоа го направи пред три години, по освоеното трето место на Светското првенство во Катар, кога изјави дека хрватската репрезентација не била доволно почитувана и дека нејзините играчи ретко се номинирани за големи награди.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |