January 26, 2025 | | Свет
Кристијано Роналдо продолжува да блеска во дресот на Ал-Наср, чекорејќи со сигурни чекори кон својата амбициозна цел – постигнување 1.000 голови пред крајот на неговата легендарна кариера. На натпреварот против Ал-Фатех, Ал-Наср ги оправда очекувањата како фаворит и славеше со убедливи 3-1. Токму Роналдо беше тој што стави крај на приказната, постигнувајќи го третиот гол на натпреварот и заслужувајќи честитки од своите соиграчи. Во одлична форма, португалската ѕвезда успеа да постигне десет гола на последните осум натпревари. Оваа сезона веќе има 20 голови, а само во 2025 година додаде уште четири на своето име.
Cristiano Ronaldo! 9⃣2⃣0⃣ pic.twitter.com/SBYnGhYHkK
— Kapitano Sports (@kapitanosport) January 26, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |