February 10, 2025 | | Свет
Кристијано Роналдо пристигна во Ал-Наср во декември 2022 година со договор до 2025, но и тој и клубот сакаат да ја продолжат соработката за уште една година. Според последните информации, договорот веќе е постигнат, а официјалното објавување се очекува во наредните денови. Со новиот договор, португалскиот ас ќе продолжи да заработува 200 милиони евра годишно, што значи дека неделно ќе добива околу 3,8 милиони евра, додека дневно неговите приходи ќе изнесуваат околу 500.000 евра. Дополнително, договорот вклучува и клаузула според која Роналдо ќе добие 5% од сопственоста на клубот, што ќе му овозможи уште поголемо влијание во Ал-Наср. Со ова продолжување, Роналдо е многу блиску до врзување со клубот до 2026 година, а сите детали наскоро ќе бидат официјално потврдени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |