Роналдо реди голови, но од пенали

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо реди голови, но од пенали

Кристијано Роналдо моментално е во добра голгетерска форма за Ал Наср. Неговиот тим моментално се наоѓа на втората позиција каде имаат четири бода помалку од лидерот Ал Хилал. Португалецот има шест гола и две асистенции, а лидер е Митровиќ со десет гола. Она што е интересно е што последните четири гола на Роналдо му се од белата точка, а последниот гол од игра го постигна на 27. август против Ал Фехја. Головите од пенал паднаа против екипите на Ал Шабаб, Ал Орубах, Ал Вехда и Ал Етифак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.