Роналдо решил да плати милион евра за готвачка на летниот одмор на Ибица

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо решил да плати милион евра за готвачка на летниот одмор на Ибица

Кристијано Роналдо уште еднаш потврди дека кога станува збор за удобноста на неговото семејство – не постојат граници. Најновиот пример за неговиот екстравагантен стил на живот доаѓа од летниот одмор на Ибица, каде славниот Португалец ангажираше приватна готвачка за сума која звучи речиси неверојатно – цели еден милион евра за само една недела! Привилегијата да готви за Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ѝ припадна на познатата инфлуенсерка и готвачка Марта Гарсија – Буки, која има армија од преку 500.000 следбеници на социјалните мрежи. Нејзината задача ќе биде повеќе од предизвикувачка – да биде 24 часа на располагање за готвење врвни оброци, без разлика дали станува збор за појадок, вечера или ноќен бифтек по желба на некој од членовите на семејството. „Знам дека ќе биде напорно, ова не е само готвење, туку грижа за цело семејство со специфични вкусови, особено децата. Но, оваа понуда беше едноставно невозможна за одбивање“, рече Буки, не криејќи го своето воодушевување. Георгина лично ја контактирала со ексклузивната понуда, што само потврдува колку внимателно парот го организира секој аспект од својот приватен живот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.