Роналдо: Саудиската лига е меѓу најдобрите пет во светот

June 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо: Саудиската лига е меѓу најдобрите пет во светот

Кристијано Роналдо повторно привлече внимание со своите изјави, откако го продолжи договорот со Ал Наср до 2027 година. Португалецот, кој заработува огромна плата во Саудиска Арабија, уште еднаш ја пофали тамошната лига, тврдејќи дека таа веќе се наоѓа меѓу петте најдобри во светот. „Луѓе кои никогаш не играле во Саудиска Арабија, не го разбираат фудбалот ако тврдат дека оваа лига не е во топ-5 во светот. Ние кои играме овде знаеме за што зборуваме и затоа одлучив да останам во овој проект“, изјави Роналдо. Ова не е првпат тој да ја истакне вредноста на Про лигата. Од моментот кога пристигна во Ал Наср, Роналдо постојано зборува за напредокот на лигата и вложувањата во инфраструктура и играчи. Сепак, многумина сметаат дека ваквите изјави се претерување, особено ако се земат предвид квалитетот на натпреварите и конкуренцијата во однос на најсилните европски лиги.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.