Роналдо: Секогаш сум стартер во мојата глава, вие како сакате мислете!

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо: Секогаш сум стартер во мојата глава, вие како сакате мислете!

Кристијано Роналдо со неговите 39 години очекува и понатаму да биде стартер за Португалија. Многумина сметаат дека тој треба да се повлече од селекцијата, но тој не мисли така. “Во мојата глава секогаш сум стартер. Така ќе мислам до крајот на кариерата. Вашето мислење може да биде поинакво. Ги почитував одлуките на сите тренери во сите клубови. Еднаш или двапати можеби не, затоа што се однесуваа лошо со мене’’, вели Роналдо. Тој чувствува дека дава дополнителна вредност на тимот. „Кога веќе нема да можам да придонесувам за тимот, кога ќе му станам товар, прв ќе си заминам. Но, ако заминам, сакам да заминам со чиста совест. Знам кој сум, што можам да направам и што треба да направам за да останам на тоа ниво се чувствувам добро и среќно“, објаснува Кристијано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.