Роналдо си ужива на -20: „Само малку е ладно“ (ВИДЕО)

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо си ужива на -20: „Само малку е ладно“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо, познатиот португалски фудбалер, повторно го привлече вниманието, овој пат со потезите надвор од фудбалскиот терен. Тој моментално се наоѓа во Лапонија, каде што ги минува празниците со своето семејство, уживајќи во одморот во одлично расположение. Во Лапонија, температурата веќе подолго време е под нулата, снегот и мразот се присутни насекаде, но тоа не му претставувало проблем на Роналдо, кој излезе надвор на гаќи. Тој дури се искапе во мал базен со многу студена вода, а неговата реакција покажала дека искуството му се допаднало. По тоа, лежерно прошетал по снежниот терен, оставајќи многумина импресионирани од неговата форма на 39 години. „Само малку е ладно“, напиша Роналдо во описот на видеото кое го сподели.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.