Роналдо: Ти си единствен, ти благодариме за сè!

August 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо: Ти си единствен, ти благодариме за сè!

Пепе реши да стави крај на фудбалската кариера со своите 41 година. Минатата сезона го напушти Порто, па откако не успеа да најде друг клуб, реши да се пензионира. Објава на социјалните мрежи имаше и неговиот голем пријател Кристијано Роналдо. Пепе играше во Маритимо, Порто, Реал Мадрид и Бешикташ, а ја круниса со три трофеи во Лигата на шампионите и Европското првенство во 2016 година. „Зборовите не се доволни за да покажам колку ми значиш пријателе. На теренот заедно освоивме сè. Сепак, најголемото достигнување е нашето пријателство и почит. Ти си единствен, мој брат. Ти благодариме за сè“, напиша Роналдо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.