„Роналдо треба да заигра во САД и пак да го врати ривалството со Меси“

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Роналдо треба да заигра во САД и пак да го врати ривалството со Меси“

Договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср истекува на крајот од оваа сезона. Иако самиот Роналдо изјави дека е среќен во Саудиска Арабија и нема планови за заминување, во фудбалските кругови се појавуваат различни мислења за неговата следна дестинација. Според поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вест Браун, кој добро го познава Роналдо од времето кога заедно играа во англискиот клуб, Португалецот треба да премине во американската лига и повторно да го обнови ривалството со Лионел Меси. „Мислам дека Кристијано треба да оди во Соединетите Американски Држави, особено затоа што таму е и Меси. Го гледав Роналдо како игра неколкупати и изгледа одлично, постигнува голови и е во неверојатна физичка форма за неговата возраст. Тој сè уште спринта, дури и на 40 години. Јасно е дека сака да продолжи да игра колку што е можно подолго“, изјави Браун. Тој истакна дека Роналдо е играч кој може сам да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата и дека нема да се пензионира наскоро. „Тој ќе продолжи да руши рекорди. Веќе играше во неколку различни лиги, но би било прекрасно да го видиме како ја додава Америка на тој список. Во последно време постигнува повеќе голови од Меси, и би било фантастично повторно да ги гледаме како ривали“, додаде Браун.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.