March 27, 2025 | | Свет
Португалската фудбалска икона Кристијано Роналдо го проширува своето царство – овој пат во светот на видеоигрите! Неговото име веќе не е поврзано само со голови и трофеи, туку и со акциони битки, бидејќи тој ќе стане анимиран лик во култната борбена игра „Fatal Fury: City of the Wolves“. Во играта, Роналдо ќе биде еден од карактерите што играчите ќе можат да го изберат за епски дуели против други борци. Ова претставува сосема нова димензија во кариерата на португалскиот ас, кој досега ги одбиваше сличните понуди. Со официјалното лансирање закажано за 24 април, љубителите на гејмингот и фудбалот со нетрпение ја очекуваат можноста да го видат Роналдо во сосема ново светло.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |