Роналдо заминува од Ал-Наср?

May 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо заминува од Ал-Наср?

Кристијано Роналдо, фудбалската икона која го промени имиџот на саудискиот фудбал, би можел наскоро да ја напушти сцената што требаше да биде кулминација на неговата кариера. Според шпанската „Марка“, иднината на Португалецот во редовите на Ал-Наср е далеку од сигурна, откако преговорите за продолжување на договорот биле стопирани по серијата разочарувачки резултати. Клучниот момент се случи по поразот од Ал-Итихад (2-3) во дербито на Саудиската Про Лига, само неколку дена по елиминацијата од азиската Лига на шампиони против Кавасаки Фронтале. Овие неуспеси го натераа клубот да го преиспита проектот, а иднината на 40-годишниот Роналдо, иако беше подготвен да потпише нов двегодишен договор, сега е под прашалник. Од трансферот од Манчестер Јунајтед во 2023 година, Роналдо стана синоним за новото лице на саудискиот фудбал. Но, по уште една сезона без трофеј, неговата мотивација е разнишана. Според истиот извор, Роналдо е разочаран и сам се сомнева дали треба да остане во клубот, додека раководството не ја исклучува ниту опцијата за предвремен прекин на договорот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.