February 19, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед продолжува да се соочува со сериозни проблеми, а ниту ангажманот на Рубен Аморим не донесе подобрување. Според извори од Англија, Португалецот веќе жали што го напуштил Спортинг, каде што имаше одлични резултати. И покрај големите очекувања на навивачите, „црвените ѓаволи“ под водство на Аморим забележаа осум порази во последните 12 натпревари и моментално се наоѓаат на 15. позиција, со само 12 поени повеќе од првиот тим во зоната за испаѓање. Дополнително, тренерот бил разочаран од преодниот рок, очекувајќи поголема поддршка од управата, но на крајот клубот донесе само еден играч – левиот бек Доргу од Лече. Фудбалскиот аналитичар Ричард Кис во својата последна колумна ја анализира состојбата на „Олд Трафорд“, наведувајќи дека Манчестер јунајтед е далеку зад водечките тимови во Англија. „Навивачите веруваа дека Џим Ретклиф може да направи промени, но изгледа дека ниту тој нема јасен план освен да отпушта вработени. Дополнително, ни тренерот што го доведе веќе не сака да биде во клубот“, пишува Кис.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |