September 24, 2025 | | Свет
Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, отворено зборуваше за својата борба со алкохолот и призна дека најмногу му помогнала неговата сопруга Колин. Во подкастот со Рио Фердинанд, Руни откри дел од своите тешки моменти. „До еден момент сè стана премногу. Се борев со алкохолот и не зборував со никого за тоа, не сакав да бидам товар. Ако не беше мојата сопруга, веројатно ќе бев мртов. Таа е најзаслужна што денес сум тука,“ изјави Руни. Покрај славната кариера во Манчестер јунајтед, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот, Руни играше и за Евертон, Ди-Си Јунајтед и Дерби Каунти, каде што ја заврши играчката кариера.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |