Руни со изненадувачки одговор: Тој играч мораше да биде повикан

June 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Руни со изненадувачки одговор: Тој играч мораше да биде повикан

Англија се смета за фаворит на ова Европско првенство, но нивната игра и во првиот и во вториот натпревар од групната фаза е загрижувачки. Некои сметаат дека Рашфорд и Грилиш требале да бидат повикани, некои ургираа за Медисон, а мислење даде и легендата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни кој изненади со неговиот одговор. „Мораше да го повика Хендерсон и сега самиот е свесен и гледа зошто мораше. Но сепак, тоа е негова одлука и не треба да се мешаме, туку мора да ја почитуваме. Да се надеваме на најдобро сценарио за Европското првенство“, рече Руни. Проблемот Руни го наоѓа во средниот ред каде доколку Англија биде агресивна и константна во средниот ред, ќе може да се надева на добар резултат на ова Европско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.