Рутинска победа на Интер против Феeнорд пред реваншот во Италија (ВИДЕО)

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рутинска победа на Интер против Феeнорд пред реваншот во Италија (ВИДЕО)

Интер направи голем чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, победувајќи го Феенорд на гостински терен со 0-2. Италијанскиот тим доминираше на теренот, а триумфот можеше да биде уште поубедлив. Резултатот беше отворен во 38. минута, кога Маркус Турам прецизно стрелаше за водство на нероазурите. Само пет минути по стартот на второто полувреме, Лаутаро Мартинез зголеми на 0-2, ставајќи ги работите под контрола за гостите. Феенорд беше значително ослабен на овој натпревар, бидејќи Робин ван Перси не можеше да смета на дури 14 играчи, од кои некои беа повредени, а други отсутни поради суспензија. Интер можеше да постигне и трет погодок, но во 65. минута Пјотр Зиелински не реализираше пенал, пропуштајќи можност дополнително да ја зголеми предноста. Со оваа победа, тимот на Симоне Инзаги има голема предност пред реваншот и се наоѓа на чекор од пласман во четвртфиналето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.