December 6, 2024 | | Свет
Интер ја оправда фаворитската улога и со победа од 3-1 ја совлада Парма на отворањето на 15. коло во Серија А. Домаќините дојдоа до заслужените три бода благодарение на головите на Димарко, Барела и Турам. Откако избраниците на Симоне Инзаги не искористија неколку добри шанси, првиот гол падна во финишот на првото полувреме. Димарко одлично ја исконтролира топката со пета, се ослободи од чуварот и прецизно постигна гол за 1-0. На стартот на второто полувреме, Интер ја дуплираше предноста. Мкитаријан изведе одлична асистенција за Барела, кој брилијантно ги надмудри дефанзивецот и голманот, и сигурно погоди за 2-0. Сите дилеми околу победникот беа решени во 67. минута кога Турам ја затресе мрежата за 3-0. До крајот на натпреварот, Парма успеа да постигне утешен гол, кога Дармијан си даде автогол за конечни 3-1.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |