June 9, 2024 | | Свет
Репрезентативецот на Австрија Марсел Сабицер западна во депресија поради поразот во финалето на Лигата на шампионите. „Ми беше многу тешко и секоја ноќ многу размислувам за финалето. Низ глава ми се вртат случувањата од тој натпревар“, рече Сабицер. Тој вели дека психички не бил спремен да одигра пријателски натпревар за Австрија против Швајцарија, а таквата изјава доволно кажува се. ,,Разговаравме за пријателскиот натпревар против Швајцарија и решивме да не играм. Сепак, не мора да се грижат за моите настапи во дресот на Австрија на Европското првенство, ќе бидам добро“, објаснува тој. Во финалето Дортмунд имаше конкретни шанси за да постигне дури и повеќе од еден гол, но не ги искористија шансите и Реал тоа успеа да го казни.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |