May 13, 2025 | | Свет
Она што требаше да биде разделба со почит и признание меѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен се претвора во една од најголемите фудбалски правни драми на деценијата. Откако минатото лето официјално се пресели во Реал Мадрид, француската ѕвезда сега се соочува со судска битка против својот поранешен клуб и тоа со тешки обвиненија и барања на маса. Мбапе (26), кој за седум години одигра 308 натпревари, постигна 256 голови и 107 асистенции, го тужи ПСЖ за 55 милиони евра – плати и бонуси кои, според него, не му се исплатени за последната сезона во Париз. Но, одговорот од францускиот гигант пристигна експлозивно: ПСЖ не само што тврди дека не му должи ништо, туку бара од него 98 милиони евра! „Ова е без преседан. Играч кој остави историска трага во клубот, сега е во фокусот на една од најжестоките правни пресметки во фудбалот“, коментираат француски спортски аналитичари. На понеделничкото сослушување во Апелациониот суд во Париз, адвокатите на Мбапе најавија дека случајот ќе оди пред кривични, граѓански и работни судови, како и дека ќе побараат интервенција од УЕФА, па дури и исклучување на ПСЖ од европските натпреварувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |