August 5, 2024 | | Свет
Новинарите Педро Мората и Марсело Бечлер денеска ја пренесоа информацијата дека Нико ќе остане во Билбао и дека веќе го известил клубот за тоа. Потоа пак новинарот Џерард Ромеро кој е близок со Каталонците вели дека тој сеуште ја нема соопштено својата одлука и дека уште не се знае ништо за неговата иднина. За тоа зборуваше и Борас Перес, соработник на новинарот Ромеро кој тврди дека ако Нико одлучил да остане во Билбао, тоа веќе ќе се знаело. „Ако до денес уште не се знае каде ќе продолжи, тоа значи дека го привлекува понудата на Барселона. Но, тие уште му немаат дадено гаранции дека сигурно ќе биде регистриран, а членовите на неговото семејство имаат големо влијание врз него“, тврди Перес. Исто така, Ромеро тврди дека Нико воопшто не бил во контакт со неговиот клуб и дека и тие не ја знаат неговата понуда. Истиот новинар тврди дека до крајот на неделата треба да биде позната неговата конечна одлука.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |