Сака ја допрел топката со рака пред пеналот, но немаше реакција од ВАР! (ВИДЕО)

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сака ја допрел топката со рака пред пеналот, но немаше реакција од ВАР! (ВИДЕО)

Англија се пласираше во финалето на Европското првенство и ова за нив е второ финале по ред откако и на претходното првенство беа финалисти. Слободно може да се каже дека на овој натпревар имаше контроверзни ситуации, каде ќе се дискутира и пеналот кој беше досуден за Англија. Судијата Феликс Цвајер, по интервенција на ВАР, реши да покаже на белата точка и таа одлука предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Но, сега излегуваат и други видео материјали кои тврдат што претходело на момент кога Кејн беше фаулиран од страна на Думфриес. Имено, како што може да се види, Сака претходно играл со рака во истата акција пред топката да стигне до Хари Кејн.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.