Сака само во Арсенал: Херојот на Шпанија е на чекор до трансфер во ПЛ!

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сака само во Арсенал: Херојот на Шпанија е на чекор до трансфер во ПЛ!

Арсенал е сѐ поблиску до трансфер на Микел Мерино, еден од хероите на Шпанија на Европското првенство каде со неговиот гол во продолженијата беше исфрлена Германија. Клубовите веќе некое време преговараат, а Мерино одамна ги има договорено личните услови со Арсенал. Сосиедад му понуди нов договор на Мерино, тој го одби. Мерино ќе мора да биде продаден летово или би можел да замине наредното и тоа бесплатно бидејќи договорот му истекува во јуни 2025 година. Како што пренесува шпанскиот новинар Матео Морето, Арсенал е блиску до договор со Сосиедад. Трансферот би чинел 30 милиони евра каде со бонуси ќе дојде до 35 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.