Салах: Арсенал е фаворит за освојување на Премиер лигата

August 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах: Арсенал е фаворит за освојување на Премиер лигата

Во недела на „Енфилд роуд“ ќе се одигра дербито меѓу Ливерпул и Арсенал, а големата ѕвезда на „црвените“, Мохамед Салах, изјави дека „топчиите“ се главни фаворити не само за овој натпревар, туку и за освојување на титулата. „Арсенал е фаворит, тоа го кажав и претходно. Имаат состав кој игра заедно веќе пет до шест години, како и тренер кој е таму подолго време. Кога екипата е заедно толку долго, сè станува полесно. Кај нас или кај Сити често се менуваат фудбалери, што не е лесно. Сепак, тимовите на Пеп Гвардиола секогаш се фаворити, но според мене Арсенал е број еден,“ рече Салах. Дуелот меѓу Ливерпул и Арсенал ќе се игра во недела со почеток од 17:30 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.