February 24, 2025 | | Свет
Мохамед Салах блеска оваа сезона во Премиер лигата, прикажувајќи неверојатни бројки по 27 одиграни кола. Египетскиот ас досега е директно вклучен во 41 погодок за Ливерпул, со 25 постигнати голови и 16 асистенции. Неговата мотивација изгледа како одговор на клубот, кој сè уште не му го продолжил договорот, но тоа во исто време му оди во прилог на тимот, кој е во трка за титулата. Во 11 натпревари оваа сезона, Салах забележа и гол и асистенција во ист меч, а ако ја задржи оваа динамика, може да ја запише една од најдобрите индивидуални сезони во историјата на Премиер лигата. Целта му е да се доближи до рекордите на Алан Ширер и Енди Кол, кои во минатото собраа 47 голови и асистенции во една сезона, но во период кога се играа 42 натпревари. Со четири меча помалку во актуелниот формат, на Салах му недостигаат само уште седум гола или асистенции за да испише историја во англискиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |