Салах и Трент се поблиску до останување во Ливерпул

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах и Трент се поблиску до останување во Ливерпул

Ливерпул, активно преговара со своите најважни фудбалери за продолжување на договорите, а процесот напредува во позитивна насока, според информациите на познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Како што пренесува Романо, Ибрахима Конате веќе постигнал договор во однос на најголемиот дел од важните услови и остануваат само некои ситни детали пред да потпише нов, долгогодишен договор. Меѓутоа, најголеми предизвици се играчите чии договори истекуваат летово, како што се Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах. Романо сепак уверува дека преговорите се на добар пат и дека Ливерпул ќе успее да ги задржи сите свои важни играчи. „Ливерпул вложува големи напори и работи напорно за да ги продолжи договорите на сите свои клучни играчи, а шансите за успех се големи. Најсложени се преговорите со Трент, но клубот му понуди многу поволен нов договор, поради што преговорите продолжуваат. Во исто време, за неколку недели Реал Мадрид ќе има можност да почне да преговара со Трент“, истакнува Романо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.