Салах им се налути на навивачите на Ливерпул: Покажете почит!

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах им се налути на навивачите на Ливерпул: Покажете почит!

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, јавно реагираше на објава на популарен навивачки профил на „црвените“, повикувајќи на поголема почит кон играчите кои го напуштија клубот. Причина за реакцијата беа споредбите меѓу новите засилувања и поранешните фудбалери на Ливерпул, како Луис Дијаз и Дарвин Нуњез. Египетскиот напаѓач не се согласи со таквите споредби и испрати порака до навивачите. „Што велите на тоа да славиме за одличните засилувања без да покажеме непочит кон шампионите“, напиша Салах на социјалните мрежи. Со ваквата објава, Салах уште еднаш ја потврди својата улога како лидер во тимот и како глас на умереност меѓу навивачите, кои често знаат да бидат поделени околу трансферите и резултатите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.