Салах нема вечно да го чека Ливерпул, веќе преговара со европски гигант

December 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах нема вечно да го чека Ливерпул, веќе преговара со европски гигант

Мохамед Салах најави дека вчерашниот натпревар против Манчестер Сити на Енфилд бил последен во неговата кариера против тимот на Пеп Гвардиола, испраќајќи порака до Ливерпул во однос на неговата иднина. Напаѓачот ја одработува последната година од својот договор, а медиумите веќе шпекулираат дека преговорите со ПСЖ се во тек. Салах изрази загриженост што не добил понуда за продолжување на соработката со Ливерпул и нагласи дека во моментов е поблиску до заминување отколку до останување. По победата од 2-0 над Манчестер Сити, тој испрати нова порака на својата иднина. „Искрено, така гледам на работите, за последен пат играм против Манчестер Сити на Енфилд, па затоа сакав да уживам што е можно повеќе Атмосферата беше неверојатна, па ќе уживам во секоја секунда помината тука. Се надевам дека ќе ја освоиме Премиерлигата, па ќе видиме што ќе се случи потоа“, рече Салах. Според информациите на „L'Equipe“ пак, ПСЖ преговара со Мохамед Салах за трансфер во Париз и наводно тој бил отворен за ваквиот трансфер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.