Салах: Никогаш не сум играл во ваква атмосфера како во Истанбул (ВИДЕО)

October 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах: Никогаш не сум играл во ваква атмосфера како во Истанбул (ВИДЕО)

Ливерпул вчера доживеа пораз од Галатасарај (1:0) во второто коло од Лигата на шампионите, а голема улога во успехот на турскиот гигант имаа жешките навивачи на „Турк Телеком“. Мохамед Салах по мечот призна дека ваква бучава и атмосфера досега не доживеал во својата кариера. „Никогаш во животот не сум играл во ваква атмосфера. Многу тешко беше да се фокусираме. Едвај се слушавме на теренот, тешко одеше. Честитки до Галатасарај,“ изјави Египќанецот. Дека навивачите навистина создадоа пеколни услови можеше да се забележи и при моментот кога Салах се подготвуваше да влезе во игра – бучавата беше толку силна што комуникацијата со соиграчите и тренерот беше речиси невозможна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.