Салах останува во Ливерпул уште две години!

April 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах останува во Ливерпул уште две години!

Одлична вест за сите фанови на Ливерпул! Од клубот потврдија дека нивниот најголем ас, Мохамед Салах, ја продолжува соработката со тимот и по завршувањето на сезоната 2024/25. Египетскиот напаѓач, кој оваа сезона блеска во дресот на „црвените“, веќе има 32 погодоци на своето конто во 45 натпревари во сите конкуренции – од кои дури 27 во Премиерлигата, со што е водечки стрелец во лигата. Покрај головите, Салах запиша и 22 асистенции, што го прави еден од највлијателните играчи во Европа. Со новиот договор, Ливерпул покажува јасна намера да ја задржи својата ѕвезда на „Енфилд“ уште подолго. „Секако дека сум многу возбуден. Сега имаме одличен тим. Претходно, исто така, имавме одличен тим. Но потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освоиме уште многу трофеи и да уживаме во фудбалот. Одлично е, ги имав моите најдобри години овде. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат десет. Уживам и во животот тука, уживам во фудбалот. Тука се најубавите години од мојата кариера па секако дека ќе останам“, истакна Салах притоа дополнувајќи: „Би сакал да им кажам на фановите дека многу, многу сум среќен што сум овде. Потпишав овде затоа што верувам дека можеме да освоиме уште многу големи трофеи заедно. Продолжете да не поддржувате и ќе го дадеме најдоброто од себе, па се надевам дека во иднина ќе освојуваме повеќе трофеи“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.