Салах се израмни со Анри, наскоро ќе помине и други легенди

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах се израмни со Анри, наскоро ќе помине и други легенди

Мохамед Салах го изедначи рекордот на легендарниот Тиери Анри по бројот на голови во англиската Премиер лига. Во натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој заврши 2-2, Салах реализираше пенал и така дојде до ново достигнување. Со овој погодок, Салах стигна до 175 голови, израмнувајќи се со Анри. Сепак, постои разлика во бројот на одиграни натпревари: додека Анри ја постигнал оваа бројка за 258 мечеви, Салах досега настапил на 282. Во оваа сезона, Салах е во врвна форма, со 18 голови на 19 одиграни средби. Потребни му се уште два гола за да го надмине Френк Лампард (177) и да се доближи до Серхио Агуеро (184), кој е петти на листата на најдобри стрелци во историјата на Премиер лигата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.