Салах се расплака по раната елиминација на Ливерпул од ЛШ (ВИДЕО)

March 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах се расплака по раната елиминација на Ливерпул од ЛШ (ВИДЕО)

Иако оваа сезона блеска во Премиер лигата и најверојатно ќе биде избран за играч на годината, Мохамед Салах не успеа да го пренесе истиот тој ритам во Лигата на шампионите. На девет меча во европското натпреварување постигна само три погодоци, што е значително помалку во споредба со неговите 27 голови на 29 натпревари во англиското првенство. Против ПСЖ, Салах промаши неколку извонредни шанси, кои можеа да му донесат на Ливерпул пласман во четвртфиналето, каде ќе имаше полесен противник, како Астон Вила или Бриж. Не е изненадување што по елиминацијата беше видно разочаран, со солзи во очите им аплаудираше на навивачите. Со оглед на тоа што нема индикации за продолжување на договорот, дуелот против ПСЖ на „Енфилд“ можеби беше неговиот последен за Ливерпул во Лигата на шампионите. Дополнително, постојат сериозни шпекулации дека летово би можел да се пресели во Саудиска Арабија, што би значело и крај на неговите настапи во најелитното европско натпреварување.

Mo Salah was left in tears following Liverpool's exit in the Champions League byu/DavidRolands insoccer

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.