November 28, 2024 | | Свет
Арсенал полека, но сигурно, ја надминува кризата која го обележа почетокот на сезоната, кога резултатите и настапите не беа на посакуваното ниво. Новиот успех започна со рутински триумф над Нотингем Форест, по што следеше спектакуларна победа против Спортинг во Лисабон, на теренот каде што Манчестер Сити доживеа тежок пораз. Оваа победа дојде како доказ дека тимот на Арсенал повторно е на вистинскиот пат, а со тоа и самодовербата расте. Во центарот на оваа трансформација стои капитенот Мартин Одегард кој е од исклучителна важност, играч кој ја презема лидерската улога. Сега, кога Арсенал ги враќа своите најдобри игри, изгледа дека тимот е спремен да се врати во борба за титулата, наспроти сите пречки што им се нашле на патот. Салиба зборуваше токму за Одегард и за тоа колку е значаен за Арсенал. „Мислам дека тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и многу сме среќни што се врати. Ние сме подобри со него, па се надевам дека нема повторно да се повреди. Секако, мораме да уживаме играјќи со него. Можеме да видиме откако тој се врати дека сме подобри. Тој е топ три [во светот]. Не сакам да ставам премногу притисок врз него, но мислам дека се првите тројца. Го сакам овој човек. Работеше напорно на теренот, па не сум изненаден што се врати вака, но се разбира, не е лесно кога не си играл четири недели да се вратиш на ова ниво. Не сум во шок, тој е врвен професионалец“, изјави Салиба.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |