Само шест клуба со распродадени стадиони на сите натпревари оваа сезона

September 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Само шест клуба со распродадени стадиони на сите натпревари оваа сезона

Од почетокот на актуелната сезона, само шест клуба успеале да ги распродадат своите стадиони на сите натпревари досега, а дури четири од нив се од Германија, што уште еднаш ја потврдува неверојатната поддршка на германските навивачи. Баерн Минхен – „Алијанц Арена“ (75.024) беше исполнета до последно место на дуелите со Лајпциг, Хамбургер и Челси. Борусија Дортмунд – „Сигнал Идуна Парк“ (85.365) и оваа сезона бележи полн капацитет на секој меч. Хајденхајм – стадион со капацитет од 15.000 гледачи. Сент Паули – стадион „Милернтор“ со 29.546 места. Надвор од Германија, уште два клуба се најдоа на оваа листа: Арсенал – „Емирати“ (60.704) беше распродаден на мечевите против Лидс и Нотингем Форест. НЕЦ Нијмеген – холандскиот клуб ги исполни сите 12.650 места на дуелите со Екселзиор, Бреда и ПСВ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.