Само што замина, Реал го „откачи“ Лука Модриќ од социјалните мрежи (ФОТО)

July 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Само што замина, Реал го „откачи“ Лука Модриќ од социјалните мрежи (ФОТО)

По 13 години исполнети со трофеи, историски моменти и блескави партии, Лука Модриќ и официјално ја заврши својата ера во Реал Мадрид, и од вчера е нов фудбалер на Милан. Хрватскиот репрезентативец го мина медицинскиот преглед и потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување до 2027 година, во зависност од неговиот учинок и желбите на двете страни. Модриќ зад себе остава блескава историја на „Сантијаго Бернабеу“: речиси 600 настапи, 28 трофеи, вклучувајќи 6 титули во Лигата на шампионите, и секако – „Златната топка“ во 2018 година, со што влезе во пантенотонот на фудбалот. Но, и покрај тоа што остави длабока трага и непроценливо наследство, Реал Мадрид предизвика реакции кај навивачите со еден потег: веднаш по заминувањето на Модриќ, клубот го отстрани од своите социјални мрежи. Фановите брзо ја забележаа оваа промена и остро реагираа, особено бидејќи Лукас Васкез, кој исто така го напушти клубот ова лето, сè уште е следен од официјалниот профил на Реал. Овој потег не е официјално објаснет од клубот, но создаде чувство дека заминувањето на еден од најголемите играчи во историјата на Реал не било дочекано со соодветна почит.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.