Саму за момент ја шокираше Рома: Мајсторски „ножички“ на играчот на Порто (ВИДЕО)

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Саму за момент ја шокираше Рома: Мајсторски „ножички“ на играчот на Порто (ВИДЕО)

Шпанскиот фудбалер Саму, кој блеска во дресот на Порто, уште еднаш ги демонстрираше своите способности на европската сцена со спектакуларен погодок против Рома во рамките на плеј-офот за осминафиналето во Лига Европа. Голманот на италијанскиот тим, Миле Свилар, направи огромна грешка, подарувајќи му ја топката на противникот, што Порто веднаш го искористи. Во 27. минута, Саму со атрактивни „ножички“ ја затресе мрежата и го доведе својот тим во водство од 0-1 на „Олимпико“. Овој фантастичен гол на Саму, кој се наоѓа во извонредна форма во дресот на „змејовите“, со сигурност ќе биде во конкуренција за најубав погодок во нокаут-фазата на Лига Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.