Самуеле Ричи потпишува за Милан за 25 милиони евра!

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Самуеле Ричи потпишува за Милан за 25 милиони евра!

Младинскиот репрезентативец на Италија, Самуеле Ричи, е на чекор до преселба на „Сан Сиро“. Милан и Торино постигнаа вербален договор за трансферот вреден 23 милиони евра плус дополнителни 2 милиони во бонуси. Договорот наскоро ќе биде официјализиран со потпис, а медицинските прегледи се веќе закажани. Со ова, 23-годишниот плејмејкер ќе стане нов дел од проектот на Милан, кој летово активно се засилува во средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.