Санчо „удри“ по својот Јунајтед по дебито на Рашфорд во Астон Вила (ФОТО)

February 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Санчо „удри“ по својот Јунајтед по дебито на Рашфорд во Астон Вила (ФОТО)

Џејдон Санчо испрати провокативна порака до Манчестер Јунајтед по деби настапот на Маркус Рашфорд за Астон Вила, коментирајќи на социјалните мрежи со зборот: „Слобода!“. Рашфорд во последните денови од преодниот рок ја напушти „Олд Трафорд“ и замина на позајмица во Астон Вила, откако беше тргнат на страна од Рубен Аморим со образложение дека не покажува доволна посветеност на тренинзите. Изминатиот викенд, тој го забележа своето деби во победата против Тотенхем во ФА Купот, а објавата на социјалните мрежи го привлече вниманието на Санчо, кој не пропушти шанса да го „пецне“ Манчестер Јунајтед. Слична судбина доживеа и самиот Санчо минатата сезона, кога влезе во конфликт со Ерик тен Хаг, по што беше отстранет од тимот, па дури и му беше забранет пристап во соблекувалната. Санчо сега игра како позајмен играч во Челси, а по завршувањето на сезоната скоро па сигурно и перманентно ќе премине во тимот од Лондон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.