Саудиска Арабија тропа на вратата – дали Винисиус ќе замине?

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Саудиска Арабија тропа на вратата – дали Винисиус ќе замине?

Се зголемуваат шпекулациите за можниот трансфер на Винисиус Жуниор во Саудиска Арабија, а ова сценарио станува сè пореално и поконкретно. Иако Реал Мадрид не добил официјална понуда, Флорентино Перез не ја затвора вратата за заминување, но поставил два клучни услови. Според информациите на новинарот Мелчор Руиз, првиот услов е самиот Винисиус да побара да си замине. Вториот – да покаже отворена желба да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Со други зборови, иднината на бразилскиот ас е целосно во негови раце. Флорентино Перез би сакал Вини да остане во клубот до крајот на кариерата, но нема намера да го задржува против негова волја. Засега, официјални понуди нема, но контактите со играчот и неговото опкружување веќе започнале. Според последните информации, Саудиска Арабија е подготвена да ја зголеми понудата на неверојатни 1,5 милијарди евра! Од оваа сума, околу 1 милијарда евра би му припаднала на Винисиус, додека 400-500 милиони би биле насочени кон Реал Мадрид. Целта на Саудијците е јасна – тие го градат својот фудбалски проект во пресрет на Светското првенство во 2034 година. Привлекувајќи играчи како Роналдо, Мане и Брозовиќ, сакаат да го подигнат нивото на својата лига. Покрај потписот на Винисиус, тие сакаат Бразилецот да го направат и амбасадор за ова Светско првенство, односно тој да биде еден од главните промотери за најголемото фудбалско натпреварување. Едуардо Инда откри за „Ел Чирингито“ дека Саудиска Арабија подготвува уште поголема понуда:

„Спремни се да му платат над 200 милиони евра по сезона, а на Реал Мадрид 400 милиони за трансферот“, тврди тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.