December 12, 2024 | | Свет
По примерот на Катар, Саудиска Арабија се подготвува за огромна револуција во организацијата на Светското првенство во 2034 година. Оваа земја ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан, со амбициозни планови за изградба на футуристички стадиони. Богатството и амбицијата на Саудијците ќе се одразат во огромните инвестиции за изградба на нови арени, додека некои од стадионите ќе бидат реновирани или проширени. Различните материјали што ќе се користат за изградба на стадионите ќе ги направат единствени и иновативни. Еден од најинтересните проекти е стадионот „Њу Мураба“, кој ќе биде изграден од багремово дрво и ќе има капацитет од 45.000 гледачи. Неговиот облик ќе потсетува на кањон, создавајќи уникатна атмосфера за гледачите. Нешто поразличен ќе биде и стадионот „Рошн“, кој ќе има изглед на кристал, додека „Мохамед бин Салман“ ќе биде на рид, окружен со илјадници ЛЕД светла, што ќе создаде спектакуларна визуелна претстава. Стадионот „Кинг Фахад“ пак, ќе потсетува на група шатори, со што ќе се истакне во архитектонскиот пејзаж. Крајниот врв на оваа револуција ќе биде стадионот „Кинг Салман Интернасионал“, кој ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство. Со капацитет од 92.000 фанови, оваа арена ќе биде едно од најголемите и најимпресивните фудбалски зданија во светот. До 2034 година ќе се одржат уште два Мундијали – првиот во 2026 година, кога САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини, а Македонија ќе ги дознае своите ривали во квалификациите веќе оваа недела. Во 2030 година, револуционерно Светско првенство ќе се одржи во Шпанија, Португалија, Мароко, Парагвај и Уругвај, што дополнително ќе ја подготви сцената за Саудиска Арабија и нејзините амбициозни планови за 2034 година.
#أهلًا_بالعالم في #السعودية2034 حيث يتجسد الابتكار والاستدامة لتقديم تجربة لا تُنسى على أرض المملكة 🇸🇦 pic.twitter.com/I1KsssPTZA
— المنتخب السعودي (@SaudiNT) December 11, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |