June 25, 2024 | | Свет
Герет Саутгејт е свесен дека играта на Англија не е на ниво и призна дека мора да се подобри. Тој дека целта за освојување на Европското не е променета. „Отсекогаш знаевме дека сме еден од тимовите што може да го освои Евро 2024. Не сме ги смениле нашите цели. Знаеме дека мора да го направиме тоа, мора да покажеме поинакво ниво од она што го покажавме досега“, рече Саутгејт. Тој беше запрашан и за тоа што би променил. „Нема да навлегувам во детали за ниту една од тие работи кога противникот и целиот свет ја слушаат нашата прес-конференција. Се разбира, ние ги презедовме сите неопходни мерки за да победиме и да завршиме на чело на групата. Ќе бидам оценет според тоа како игра тимот, го разбирам тоа и се чувствувам удобно поради тоа“, додаде Саутгејт.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |