Саутгејт конечно направи еден вистински потег кој му донесе финале!

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Саутгејт конечно направи еден вистински потег кој му донесе финале!

Саутгејте доби многу критики околу игрите на неговата селекција и околу пристапот кој неговиот тим го имаше низ целото Европско првенство. Неговиот тим поседува огромен квалитет па е нормално критики да има поради начинот на кој играат. Може да се каже дека денес имаше еден потег кој му беше вистински и правилен во тој момент. Имено, во 81. минута Кол Палмер и Оли Воткинс влегоа во игра на местата на Фил Фоден и Хари Кејн, а токму тие беа клучните играчи и креатори на победничкиот гол за Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.