Саутгејт останува селектор на Англија без разлика дали ќе освојат ЕП!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Саутгејт останува селектор на Англија без разлика дали ќе освојат ЕП!

Герет Саутгејт и по Европското првенство ќе продолжи да биде селектор на Англија. Фудбалската Асоцијација на Англија го известила Саутгејт дека имаат тотална доверба во него. Планот е Саутгејт да ја води англиската селекција и на следното Светско првенство во 2026 година. Англија успеа да се пласира во ново финале на Европското првенство, второ по ред. Во недела на 14 јули од 21.00 часот на Олимпискиот стадион во Берлин, тимот на Саутгејт ќе биде на огромен тест овој пат да го донесе трофејот дома, а за противник ќе ја имаат Шпанија, селекција која најмногу покажа на ова Европско првенство досега.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.