Саутгејт: Покажавме карактер во клучните моменти

June 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Саутгејт: Покажавме карактер во клучните моменти

Саутгејт рече дека е задоволен од победата над Словачка и пласманот во четвртфиналето на Европското првенство, а вели дека неговиот тим покажал карактер и победнички менталитет кога било најпотребно. „Знам дека ќе нѐ критикуваат поради играта. Не бевме на висина на задачата во првото полувреме, но потоа успеавме да се извлечеме од непријатната ситуација. Многумина сѐ уште се сомневаат во квалитетот на овој тим, но ние покажавме карактер и победнички менталитет во клучните моменти“, рече тој. Додаде дека играта по средината на теренот им создавала мали проблеми и со тоа се борат долго време. „Малку нѐ изненадија со солидната дефанзива, но на крајот успеавме да го оствариме зацртаното. Словачка прикажа дека е заслужено во осминафиналето. Тие се тим со постојан раст и одлични резултати во последно време. Среќен сум што победивме сериозен ривал кој не се предаваше лесно. Ѝ честитам на словачката репрезентација за настапот на турнирот“, вели тој. Англија во четвртфиналето ќе се сретне со Швајцарија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.