Савиќ со порака до критичарите по сензацијата на Ал Хилал: Кој не критикуваше, нека гледа сега!

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Савиќ со порака до критичарите по сензацијата на Ал Хилал: Кој не критикуваше, нека гледа сега!

По историската победа на Ал Хилал над Манчестер Сити (4-3) на Светското клупско првенство, се огласи Сергеј Милинковиќ Савиќ, еден од најистакнатите фудбалери кои го напуштија европскиот фудбал за да заминат во Саудиска Арабија. Српскиот репрезентативец го искористи моментот за да им одговори на сите кои ги омаловажуваа играчите што се преселија во Заливот. „Ајде сега да видиме дали ќе не критикуваат. Покажавме против Реал Мадрид, Салцбург, Пачука, а сега и против Сити. Верувам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво“, порача решително Савиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.