July 10, 2025 | | Свет
Реал Мадрид е подготвен да ја разгледа можноста за заминување на бразилскиот напаѓач Родриго, но, според информациите на трансфер експертот Фабрицио Романо, крајната одлука ќе ја донесе самиот фудбалер. Во текот на следната недела се очекува директна средба меѓу Родриго и раководството на клубот, на која ќе се дефинира неговата иднина. Причина за зголемените шпекулации е фактот што новиот тренер Чаби Алонсо не го вклучи Родриго во стартниот состав на последните пет натпревари, што дел од медиумите го протолкуваа како знак за можен трансфер. Иако Реал Мадрид не сака да го форсира неговото заминување, клубот е отворен да му излезе во пресрет доколку тој посака нов предизвик. Сепак, од таборот на играчот категорично демантираат какви било разговори со саудискиот Ал-Наср, потенцирајќи дека фокусот останува на европските фудбалски велесили. Манчестер Сити, Арсенал, Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен се меѓу клубовите кои се поврзуваат со неговото име. Родриго дојде во Реал во 2019 година од бразилскиот Сантош за 45 милиони евра. Во изминатите шест сезони забележа 270 настапи, постигна 68 голови и запиша 51 асистенција. Според проценките, неговата моментална пазарна вредност изнесува околу 90 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |